речник контакт

Повторно во сообраќај меѓународните возови од и кон Белград и Солун

Два месеци во прекин беше редовната железничка линија Хелас експрес

Петар Печков

Популарниот „Хелас експрес“ сообраќа ова лето. Ова е усогласено меѓу „Србија воз“, „МЖ Транспорт“ и „ТРАИНОСЕ“ - Грчките железници, информираа од Македонски железници.

Согласно протоколот „Хелас експрес“ повторно ќе почне да сообраќа на 17 јуни кон Белград, односно 19 јуни годинава кон Солун. Последниот воз што ќе вози е на ден 3-4 септември 2016 година. По овој датум „Хелас експрес“ нема да сообраќа се до крајот на возниот ред 2015-2016 година.

За потсетување  од Железничка станица во Велес   за Белград тргнува во  21.13, во Ниш е во 3.30 а во Белград е во 7.42. 

Од  Белград  тргнува во 18.50, во  Ниш е во 23.18  а во  Велес е во 5.25. 

 Од Велес за Солун поаѓа  во   5.26 во Солун е во 10.07 по грчко време.  Автобусите од Солун тргнуваат  во 18.30 по грчко време, а возот во  Велес е во 21.13

Поради реновирање на пругата низ Србија два месеци возот не сообраќаше кон Белград. Не возеше ниту кон Солун, поради  протестите на мигрантите кои логорува на пругата кај Идомени – Грција.   

Ова лето „Хелас експрес“ ќе сообраќа редовно   од Белград до Гевгелија и обратно со класични патнички вагони, а на релацијата Гевгелија - Солун - Гевгелија патниците ќе бидат превезувани со автобуси на Грчките железници.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »