Петар Печков
Објавено: четврток, 16 октомври 2014
Од средината на минатиот месец повторно во функција се поштенските сандачиња. Четирите кои останаа во Велес, неодамна беа префарбани со заштитната жолта боја на Македонски Пошти и тие повторно ги примаат поштенските пратки, писмата.
Раководството одлучи да ги приближи дел од услугите и ги врати во употреба заборавените и напуштени поштенски сандачиња. Тие се празнат еднаш на ден, шест дена во седмицата. Очекуваме дека ова новина нашите корисници ќе ја прифатат – велат од ЈП Македонски Пошти.
Во Велес петнаесетина години, овие поштенски сандачиња беа оставени на времето, повеќе `рѓосани и оштетени. Но сега се подновени и употребливи.
Добро е што ги ставија пак во функција. Наместо да одиме до Пошта за да испратиме писмо, вака тука ни е поблиску. Но ќе треба да ги информираат граѓаните за оваа новост. Треба да бидат достапни и поштенските марки. Сега секаде има пликови но марки нема, освен во Пошта. Тоа ќе треба да се реши. Ова е време на електронска пошта, но има старомодни семејства, на кои им требат старински начин на пишување, со писма рачно напишани – вели велешанец.
Од велешката Пошта најавија дека ќе го зголемат бројот на поштенски сандачиња и на уше некоја локација во градот.
Tweet |