речник контакт

Повторно воспоставен железничкиот сообраќај на релацијата од и кон Битола

Изгорени биле повеќе од 200 прагови на делот од пругата помеѓу Браилово- Сенокос, кои билe заменети за три дена

Петар Печков

Возови на Македонски железници од попладнево повторно сообраќаат. За три  дена, од вторникот попладнето до денес попладне, вработените во ЗОП ги сменија изгорените дрвени прагови и ја оспособија пругата. Изгорените прагови беа во околината на железничка станица Браилово, прилепско. 

Според ЈП МЖ Инфраструктура   изгорени биле  повеќе од 200 прагови на делот од пругата помеѓу Браилово- Сенокос. Од попладнево возовите повторно сообраќаат на линијата Скопје - Битола и обратно. Но со тоа што има ограничена брзина на возење помеѓу станиците Браилово и Сенокос, каде беа променети праговите. 

Пожарот беше  регистриран во вторникот попладне во близина на железничка станица Браилово, близу Прилеп. Запалени биле стрништа, по што била зафатена била и делница од пругата, изгорени биле дрвени прагови.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »