Петар Печков
Објавено: четврток, 04 април 2019
Нова акција на шумската полиција, подрачна единица од Велес, заеднички со СВР Велес и повторно откриена нова група дрвокрадци. На истиот терен како и претходно, на планината Мукос, запленети се три автомобили ,,лада нива,,, додека сторителите побегнале.
Во теткот на вчерашниот ден, на стариот пат Велес - прилеп, кај селото Степанци откриена е група на дрвокрадци, кои веќе ги пресекле дрвјата и беа подготвени за заминат. Но при нашето доаѓање групата која е добро организирана, побегна и ги оставиле нерегистрираните возила, кои беа полни со буково, дабово и дрво и габер - изјавија од Шумската полиција ПЕ Велес.
Тие најавуваат дека ќе продолжат со нивните акции. Изминатите десетина дена во две акции тие запленија 12 автомобили полни со нелегално пресечено дрво а едно лице беше фатено на дело во нелегалната сеча.
Tweet |