Петар Печков
Објавено: вторник, 23 април 2013
Канализационата мрежа на улицата Благој Ѓорев, спроти Касарната беше повторно затната. Ова е трет случај за половина година и се повторува на истото место. Во одводната цевка пронајдени се крпи, хигиенски влошки, пластика и останат цврст отпад што не е наменет за фрлање во одводот.
При редовна контрола на главната одводна линија по ул. Благој Ѓорев, по само еден месец откако последен пат линијата беше чистена од цврст отпад, РЕ Канализација открија затнување на одводната цевка од 90%, и покрај големиот дијаметар на цевката од 600мм. Поради несовесноста на одредени граѓани, редовно затнатата канализација на ул. Благој Ѓорев предизвикува проблем кај одводните цевки на станбените згради спроти касарната – велат од ЈКП Дервен.
Претходно, првиот случај беше регистриран есеноска. Прашањето што останува без одговор е зошто тоа се случува постојано во овој дел на градот. Дали се прави со намера, или некој сограѓани имаат толку ниска совсест.
Tweet |