речник контакт

Повторно излетало возило пред Судот

Во полиција никој не пријавил, иако има оштетување на општествен имот

Петар Печков

Во петокот кон саботата, во неопределен термин возило излетало од улица 8-ми Септември. Ова  се случило на кривината кај Судот, точно пред  киоскот. За ова сведочат двете искршени столпчиња и  трагата од истеченото масло на тротоарот.  

Но и покрај евидентните  докази дека се случил настан, при што е оштетен имот –метални столпчиња, поставени од локалната власт  настанот не  е пријавен во полиција.

Во Секторот за внатрешни работи Велес нема пријавено настан во кој се оштетени столбови поставени во непосредна близина на Основен суд Велес. Полициски службеници ќе извршат проверки на терен со цел утврдување на причината за нивно оштетување – стои во писмената информација  на СВР Велес. 

Претходно пролетта автомобил ,,голф,, излета од улица и искрши десетина метални столпчиња. Нивната замена се уште не е извршена.

Минатата година друг возач, исто така со автомобил  тогаш ,,бмв,, искрши десетина столпчиња. И во двата случаи  од оштетените автомобил, истеченото масло беше опасност по учесниците  во сообраќајот. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »