речник контакт

Повторно можност за вработување преку учење во Коле Неделковски

Деветмина кандидати за бравари, со надеж за преквалификација и вработување. Месечно добиваат по пет илјади денари надоместок

Петар Печков

Во средното училиште  „Коле Неделковски“ започна обуката на  девет кандидати за  звањето изработувач на браварски производи. На пријавените кандидати во наредните четири месеци, три месеци теоретска и практична обука во училиштето и еден месец обука во реални услови кај работодавец,  ќе им се овозможи брзо стекнување на преквалификација/квалификација од неквалификувана работна сила.

Со примената на овој начин на реализација на обуките, се овозможува постојано надградување на стручната оспособеност како на вработените така и на невработените за следење на новите технологии, односно се остварува вистинска флексибилност на системот на стручното образование, како и потребата од доживотно учење.

„Коле Неделковски“ е единствено училиште од градот кое мината и оваа година повторно е вклучено во Оперативниот план на Владата  за активни програми и мерки за вработување. Минатата година сите кандидати кои ја завршија обуката за монтажер за метални конструкции и производи се вработија кај социјалниот партнер на ССОУ „Коле Неделковски“ - металната индустрија „Брако“.

Овие девет лица са четирите месеци обука добиваат по нешто повеќе од   5 илјади денари месечен надомест обезбеден од Владата а на крајот полагаат тест по кој ќе  ја добијат и дипломата.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »