Петар Печков
Објавено: недела, 27 декември 2020
Како и вчера така и денес, во велешко се регистрирани 14 нови случаи на лица позитивни на ковид-19, или досега вкупно имало 2.714. Оздравени се 21 пациент или вкупно досега 2.031, соопштија од Центарот за јавно здравје Велес.
Во велешко досега од последиците на ковид заразата, починале 88 лица. Активни се 595 случаи со корона вирус во велешко, од нив 25 се во велешка Болница, три во приватни клиники во Скопје, едно во Болницата Козле и 566 на домашно лекување.
Во велешка Болница се хоспитализирани 42 лица, од кои 29 се потврдени позитивни, шесст пациенти се сомнителни и седум пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
На кислородна поддршка се 16 пациенти, на Инфективно одделение се 39 а на Интерно три.
Tweet |