Петар Печков
Објавено: среда, 08 ноември 2023
Агенцијата за вработување преку проектот „Активација на ранливи групи на пазарот на труд“ објави јавен повик до сите работодавачи и невработени лица за учество во мерката Обука на работно место кај конкретен работодавач. Пријавувањето за овој оглас е до 01.12.2023 или до исполнување на предвидениот број.
Обуката е со времетраење од три месеци, при што на секое вклучено невработено лице ќе му биде исплатен месечен паричен надомест од 11.000 денари, со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа, професионална болест и данок на личен доход за времетраење на обуката. Сите заинтересирани невработени лица и работодавачи може да се пријават во работните клубови на Центрите за вработување на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија.
Во обуката кај конкретен работодавач може да се вклучат корисници на ГМП (гарантирана минимална помош), жени, Роми, млади до 29 години, лица со попреченост и долгорочно невработени лица, заинтересирани да ги подобрат своите вештини за вработување преку вклучување во мерката „Обука на работно место за конкретен работодавач“. Важно е да се напомене дека за времетраење на делот за обука, лицата не го губат правото на одреден паричен надомест (како ГМП, паричен надоместок за прекин на работен однос и друго) кој го добивале пред вклучување во мерката и ќе продолжат да го добиваат во тек и до завршување на обуката.
Согласно Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на труд за 2023 година, избраните кандидати ќе поминат обука во времетраење до три месеци која ќе се спроведува кај работодавачите согласно Програмата за обука предложена од страна на работодавачите. Поп ериодот на обуката, на работодавачот ќе му биде исплатен еднократен износ од 25.000 денари по обучено лице, а тој потоа има обврска да вработи најмалку 50%од лицата кои биле вклучени во обуката, со полно работно време, во траење од најмалку 3 месеци.
ПР текст
Tweet |