Петар Печков
Објавено: петок, 01 март 2019
Велешката полиција информира за сообраќајна незгода која се случи вчера, четврток претпладне. Во неа пешак е удрен од автомобил, иако минувал на пешачки.
На 28.02.2019 околу 10.00 часот на пешачки премин од крстосницата нa улиците „Благој Ѓорев“ и „Борис Трајковски“ во Велес патничко возило „Форд мондео“ со велешки регистарски ознаки, управувано од В.А.(76) од населба Отовица, Велес, удрило во пешакот Д.С.(44) од населба Превалец. Притоа, пешакот се здобил со повреди и бил пренесен во болницата во Велес- информираше Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес. Полицијата извршила увид на местото на настанот.
Tweet |