Петар Печков
Објавено: понеделник, 16 ноември 2020
Продолжува трендот на повеќе оздравени пациенти од корона вирусот во велешко, отколку ново заразени. Денес Центарот за јавно здравје Велес информираше дека има 35 оздравени а ново заразени со ковид-19 се 24 лица.
Или во велешко има активни 760 пациенти а досега вкупно биле заразени 1.677 лица. Оздравеле 471. Од активни случи во велешката Болница се 64 пациенти, де се на ГОБ 8-ти септември во Скопје , седум во приватни клиники исто така во Скопје а 687 се на домашно лекување.
Хоспитализирани во велешка Болница се 79 пациенти, на Инфективно 54 кое е целосно исполнето, на одделението за физикална медицина има 10 пациенти и 14 слободни кревети а на Интерно одделение има 15 пациенти.
Од вкупниот број, 67 се потврдено позитивни, седум сомнителен и пет се негативни но си здравствени проблеми, 34 пациенти од велешка болница се на кислородна поддршка.
фото Кирил Миланов
Tweet |