Петар Печков
Објавено: петок, 19 јули 2019
Најстарата фотографија од Велес, сопственост на Народен музеј Велес датира од 1869 година е претставена на фото изложбата поставена во Ликовен салон. Изложбата за прв пат беше поставена 2011-та година, но поради големиот интерес на велешани, за старите фотографии на градот, таа и летово е пред очите на јавноста.
Низ стотината фотографии се до 70- те години на 20 век, проследен е развојот на Велес прикажан низ призмата на историјата, етнологијата, архитектурата.
Автори на изложбата се Павлина Василева (сега пензионер) и Марин Клифов, виш кустос во Локалната установа Народен Музеј на град Велес. Тие една година работеле на собирање на фотографиите за истите да бидат пред очите на јавноста, некои тогаш и за прв пат.
Преку сликите јасно се гледа убавината на стариот град. Изложбата е можност старите да се потсетат, а младите да го видат стариот Велес. Изложбата на фотографии од стар Велес беше поставена 2011-та но поради големиот интерес низ годините, таа летово повторно е пред велешани. Посебно кога во градот се вратени луѓе кои престојуваат или живеат во странство - вели Клифов.
Ликовниот салон е отворен од 9 до 13ч. секој работен ден. Оваа изложба беше претставена и во Кочани, Кавадарци и Скопје како и во Врање –Србија, Клуч БиХ и Шибеник Хрватска. Ќе биде отворена за посетители до средината на август.
Tweet |