Петар Печков
Објавено: среда, 13 мај 2020
Од Центарот за јавно здравје во Велес информираа дека изминатиот деноноќие во Велес е регистриран еден случај на заразен со корона вирус.
За ова лице, кај кого ковид-19 бил констатиран вчера попладне, според надлежните се води случај „сам за себе“ или не води кон ниту еден кластер.
Во велешко денес има активни 50 случаи со корона вирус.
Од Центарот информираа дека како оздравен, по два негативни теста од земениот брис, се води и вработениот во СВР Велес, кој беше на увид кај починатите мајка и син Маноилови, кои беа пронајдени мртви во нивниот дом на 6-ти април.
Tweet |