речник контакт

Повторно само четири нови случаи позитивни на ковид-19

Опаѓа бројот на активни слуачи во велешко и на бројот на пациенти згрижени во велешка Болница

Петар Печков

Денес има четири нови случаи на лица позитивни на ковид-19 а 23 оздравени. Досега се заразиле 2.607 а оздравеле 1.886 пациенти, објавија од Центарот за јавно здрвеј Велес.

Активни се 636 случаи а  591 се на домашно лекување.Досега починале 85 лица од велешко, поради проблеми предизвикани од ковид заразата.

Во велешката Болница  се хоспитализирани 38 пациенти, од кои 25 се потврдени позитивни,еден  непотврден, негативни се 12 но се со здрвствени рпоблеми.

На кислородна поддршка се 14 пациенти. Испишани се четири пациенти како оздравени, со по еден негативен брис. На Инфективно се   29, на  Физикално три и на  Интерно шест пациенти - соопшти д-р Елеонора Јованова портпарол на Општа Болница Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »