Петар Печков
Објавено: петок, 16 октомври 2020
Денешниот биланс од новите случаи позитивни на ковид-19 во велешко е седум лица, оздравени нема. Информацијата е на Министерството за здравство, објавена доцна попладнево. Со овие нови случаи, во велешко има 80 пациенти заразени со корона вирусот.
Два од новите пациенти кажаа дека се заразиле од членови на семејство, се останато не може да прецизира од каде го добиле корона вирус - кажаа од Центарот за јавно здравје Велес.
Четворица денешните случаи се на домашно лекување, останатите сместени на Инфективно одделение
Досега во велешко се заразени со ковид-19 се 409 лица, 17 се починати а 312 се излекувани. Од активни случаи 59 се на домашно лекување, 17 на Инфективно одделение, двајца се на Инфективна клиника и двајца на Клиниката на Жан Митрев.
На одделението има 31 пациент, 31 тројца се сомнителни, останатите потврдено позитивни, 11 се на кислородна поддршка - информираше д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа Болница Велес.
Вечерва на ова одделение има 17 пациенти од Велес, 8 од Свети Николе, Неготино и Градско по два, Кавадарци и Демир Капија по еден.
Tweet |