речник контакт

Повторно со закажување на термин до патни исправи во Велес

Се чека и по месец дена

Петар Печков

Од почетокот на месецов, во Велес се вратија гужвите за добивање на патна исправа. Редици нема, но затоа рокот за добивање на пасош е и до месец дена. Граѓаните кои сакат да добијат нова патна исправа, да ја заменат постојната, сега за ова добиваат бројче, со кое треба да се јават во закажаниот термин. Рокто е до 30 дена подоцна. 

Дојдов денес и ми дадоа број, за термин, за петти август. Безмалку цел месец подоцна . Ами ние дојдовме во родниот град на одмор и да ја искористиме можноста да ги обновиме  патните исправи. Август за нас е  предоцна, нема да бидеме тука, а порано  немало можност да ни закажат,  така ни   кажаа  - вели велешанка која живее во Германија и со семејството е дојдена на дел од годишниот одмор го мине со блиските во Македонија.  

 Слични се ракациите  на другите странки, кои оваа новина ги затече. Сите тие се жалат на предолгиот рок. Велат дека добиле информација дневно можат во Велес да се издадат само до 20 патни исправи, повеќе не и затоа се одело преку закажување, за да се избегнат редиците на 35 во сенка, пред  Одделението за управни служби. Од СВР Велес не прецизраат деали оваа бројка е точна, но потврдуваат дека има зголемен обем на работа и повторно е вратен терминот закажување за издавање на патна исправа. 

 Од изминатата седмица, започна постапката со закажување термин за добивање патна исправа. Воведување на закажан термин е неопходна мерка заради зголемениот оптек на работа на Одделението за управни служби во летниот период, односно, период кога вообичаено граѓани на РМ кои живеат надвор од државата, ги користат летните одмори за престој во РМ и за обновување, односно, добивање лични документи. 

Воведено е закажување термин за аплицирање само за патна исправа, додека аплицирањето за лични карти и биометриски возачки дозволи се одвива тековно, без претходно закажан термин. Новите патни исправи за кои граѓаните аплицирале, се изработуваат најдоцна за 15 дена од денот на аплицирање.   - изјавија од СВР  Велес.

Од таму потсетуваат и на можнсота  за аплицирање за добивање патна исправа по итна постапка, за што не е потребно претходно закажување термин. За оваа услуга заинтересираните треба да платат 4,8 илјади денари наспроти редовната  цена од 1,8 илјади денари. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »