речник контакт

Повторно сообраќа експресот од Белград за Солун и обратно

Возот, кој запира и во Велес, ќе сообраќа до 16 септември

Петар Печков

Од саботата 15-ти јуни повторно сообраќа експресот Белград - Солун и обратно. Тој ќе биде во функција летово заклучно со 16-ти септември. 

Од Велес  за Солун возот тргнува во 5,25 ч  за Белград во 21,11 ч. Поаѓањето до Солун за Велес е во 18,51 ч. по грчко време а до Белград  за Велес е во 18,35ч. од железничка станица  Топчидер. Од Идомени до Солун и обратно  патниците се превезуваат со автобус.  

Воведена е  тарифска понуда City Star за повратно патување на релација Скопје - Солун -Скопје. Билетите може да се извадат на патничка благајна во станица Скопје и на патничка благајна во станица Солун.

Ако групата ја сочинуваат 5 возрасни патници, билетот за еден патник ќе изнесува 13,5 евра или 836,00 денари во двата правци.

Ако групата ја сочинуваат 5 возрасни патници и едно дете, билетот за еден патник ќе изнесува 12,20 евра или 756,00 денари, за двата правци.

При неодамнешната средба на раководствата на Македонските железници -Транспорт и Грчките железници  се разговарало за можност за воспоставување на нова линија на релацијата Скопје-Солун – Катерини-Лептокарија-Скотина-Платамона и Неи Пори, за што од двете страни постои верување дека оваа понуда на патниците ќе им биде примамлива и дека ќе има многу заинтересирани.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »