речник контакт

Повторно сообраќајка пред Зегин

Повредени нема, пак настрада канделабарот

Петар Печков

Утрово околу 3 часот нова сообраќајна незгода на улица 8- ми септември пред аптеката на Зегин. Автомобил марка ,,матис шевролет,,  кој доаѓал од  правец на  улица Благој Ѓорев,  излетал од патот. При тоа поради не држење на страна удрил во канделабрата пред аптеката Зегин и стеблото. 

Така по кратко време  ова осветлување е оштетено ги искршено. Полицијата која била близу бргу дошла  и ги идентификувале  сторителите, кои според полицискиот извештај биле под дејство на алкохол.

Соседите кои биле сведоци на настанот, објаснуваат дека е среќна околност што на тротоарот немало пешаци или автомобил кој доаѓал од спротивен правец,  во овој дел од утрото, па нема повредени.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »