Петар Печков
Објавено: понеделник, 01 јуни 2020
Секоја пролет иста слика, сообраќајки во која најчесто учесници се мотористите. Петокот навечер моторист тешко е повреден, во сообраќајка со патнички автомобил. Тој е задржан на лекување во велешка Болница, поради специфичните повреди.
На 29-ти мај околу 20 часот на ул.„Васил Иљоски“ во Велес се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „даеву тико“ со велешки регистарски ознаки, управувано од С.Т.(46) од Велес и мотоцикл „квики“ со велешки регистарски ознаки, управуван од Н.П.(27) од Велес - информираа од МВР. Прва помош на повредниот му дала екипа на Итната служба, кој потоа го префрлила во велешката Болница.
Кај повреденото лице констатирани се скршеници на лице и череп и е задржан на ортопедија. Тоа е надвор од животна опасност - изјави д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа Болница Велес.
Tweet |