Петар Печков
Објавено: недела, 07 јуни 2020
Како и вчера, така и денес три лица се ново регистрирани како позитивни на ковид-19, соопштија од Центарот за јавно здравје Велес. Со ова вкупната бројка на активни случаи во велешко е 30 лица.
Има нови три случаи, двете се лица кои два дена беа на Инфективно одделение од велешка Болница, со симптоми и ги чекаа резултатите, тестирани се во МАНУ и резултатите покажаа дека се позитивни. Едното од овие лица е заразено од домашен член на семејството, додека второто е од колега на работа. Третото лице е повратник од Англија и е во државен карантин во Скопје, во хотел и жителка на општина Градско - информираа од Центарот за јавно здрваје Велес.
На Инфективно одделение од велешка Болница хоспитализирани се 13 пациенти сите позитивни, исто толку се на домашно лекување, три лица од велешко се сместени на ГОБ 8-ми Септември во Скопје и едно лице е во државен карантин.
Tweet |