речник контакт

Повторно четири години затвор за Ѓоре Петровски за запалената продавница и амбуланта во Ореше

Петровски и Ѓурчиновски треба да ја надоместат штета од 2,3 милиони денари

Петар Печков

Двајцата обвинети, Ѓоре Петровски и Благоје Ѓурчиновски,  дека ја запалиле селската амбуланта и продавница во Ореше, добија повторно по  четири години затвор, но и заеднички  да  ја надоместат штетата предизвикана од пожарот кон оштетените сопствениците, ЈП за стопанисување со станбен  простор  и ЈЗУ Здравствен дом Велес,  во висина од 2,3 милиони денари.

 Истата пресуда им  беше изречена и во претходното судење, а пресудата беше  укината од  Апелација  и предметот вратен на повторно судење. Петровски и Ѓурчиновски беа прогласени за виновни за кривичното дело  тешки дела против општата сигурност. Петровски  е обвинет како порачател а Ѓурчиновски како извршител на делото за кое им се судеше.

Огнот бил подметнат од страна на Ѓурчиновски,  ноќта помеѓу 31 јануари и 1 февруари 2007-та година а селската продавница и амбуланта изгореа до темел. Петровски за ова  платил 800 долари. Ова според обвинението било сторено поради одмазда на Петровски, кон сопственикот на продавницата.

И двајцата обвините негираа било каква вина, тврдеа дека немаат ништо со делото. Наспроти нив сведоците Златко Арсовски и Борче Петровски ја потврдиле трансакцијата, кога Ѓоре од САД му испатил пари на Борче Петровски, кои преку Златко Арсовски стигнале за извршителот на пожарот Благојче Ѓурчиновски а истите биле како надомест за извршеното дело.  

Петровски неодамна доби друга затворска  казна за исто дело, тешки дела против општата сигурност. За запалена селска продавница и автомобил во Ореше, кое се случи  на  16 март лани,  Петровски доби 3 години затвор. И двете пресуди не се правосилни. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »