речник контакт

Поголемиот број на дијабетичари од земјава се судруваат со недостиг на инсулин и антидијабетска терапија

Од Министерството за здравство информира дека во инсулинските аптеки има доволно количини од лекот

Петар Печков

Од октомври минатата година,  пациенти со дијабетес во земјава се судруваат со недостиг на инсулин и  на антидијабетна терапија. Со овој проблем се судруваат околу 44 илјади пациенти со дијабетес кои се на инсулин, предупредуваат од Сојузот на здруженија на  дијабетичари на Македонија (СЗДМ).

„Има недостиг на еден инсулин и два медикаменти за антидијабетна терапија. Проблемот се провлекува подолго време, едни пациенти добиваат друг не, поголем број не добиваат, помал број земаат. За жал кога влегуваш во инсулински аптеки, како да влегуваш во лотарија, едни добиваат, повеќето не.  Министерството за здравство треба да ги испорачува сите тендерски количини, не делумно,  тоа што е потребно за пациентите во Македонија. Законот за здравство член 16 вели дека сите пациенти треба да бидат покриени со потребната терапија“ - кажа Димче Велев претседател на Сојузот СЗДМ.  

На поставеното прашење до Министерството за здравство за недостигот на инсулин и антидијабетска терапија, Сојузот   добил  одговор дека заради реевидирање на количините на „Ryzodeg“ согласно количините предвидени во реализација на тековниот тендер, се делеле само останати количини, другите пациенти требало да се консултираат со докторите специјалисти  и заеднички да направат  избор за замена на инсулинска терапија.

„Поставивме прашање до производителот зошто нема антијдибетска терапија, одговорот беше  за сите пациенти во државата има количини, но тие испорачуваат согласно требувањето од Министерството за здравство. Овој проблем е присутен од октомври месец лани, кога започна реализацијата на тендерот.   Проблеми ќе имаме се додека не се воведе „Отворен пазар“ и „референти цени“ што е редовна пракса во светот а ние во Македонија уште се држиме до овие конзервативни методи, тендери“ - додаде Велев.
 
Од Министерството за здравство информира дека во инсулинските аптеки има доволно количини од лекот „оземпик“ и „рибелсус“ согласно количините од договорот за јавна набавка. Количините од овие два инсулини се испорачуваат тековно и континуирано до инсулинските аптеки.

За инсулинот „Ryzodeg“, од компанијата Ново Нордиск Фарма било  добиено известување дека има глобален дефицит на овој лек. Лекот бил достапен во земјава, но се добива во количини согласно тендерската постапка. За таа цел, пациентите кои имаат потреба од инсулинска терапија се обезбедени со соодветна замена на инсулин од иста генерика.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »