Петар Печков
Објавено: недела, 09 октомври 2022
На Велешката Питијада се подготви џиновска пастрмајлија, најголема досега. Со тоа е срушен рекордот од пред пет години. Таа е подготвена за три часа,од пекара „Ќоше“ во соработка со пекара „Гемиџии“. За нејзина подготовка употребени биле 20 кг брашно, 210 јајца и 30 кг месо.
„Последен пат ја подготвивме 2017 година, и годинава за разлика од тогаш е подолга за 30 цм и е долга точно четири метри. Имаме доволно голема печка за да ја испечеме и можеме следните години да подготвивме уште поголеми“ - кажа пекарот Александар Миладиновски, кој години наназад учествува во подготовката на џиновската пастрмајлија во Велес.
Нејзината продажба беше со хуманитарна цел и се собраа 3.200 денари, кои ќе бидат предадени на ОО на Црвен крст Велес, за набавка на хуманитарни пакети за социјално загрозените семејства.
Tweet |