Петар Печков
Објавено: сабота, 28 јануари 2012
Метеоролозите најавуваат студен бран кој ќе започне од вторник натаму. Утринските температури ќе бидат пониско од - 10 а дневните не повеќе од 0. Така во петок дневната се очекува да се симне на -7 степени.
Со препорака се јавија и надлежните државни институции. Препорака до образовните, социјалните и други установи е навремено да ги преземат потребните мерки за затоплување на просториите каде престојуваат деца и постари лица, како и посветување поголемо внимание за згрижување на постари лица и бездомници.
Од ресорното Министерство за здравство ги информираат граѓаните за време на студениот бран да ги почитуваат препораките за заштита на здравјето, како што се непотребно излегување од дома, посебно за вулнерабилни групи, постари и хронично болни лица, како и редовно земање на терапијата од матичниот лекар, носење топла и сува облека, престој во топла просторија, пиење топли напитоци, избегнување алхохолни пијалаци, како и посветување поголемо внимание при движење, заради можност за повреди и скршеници од лизгавите површини.
Препорака до работните организации е обезбедување топли простории, процена на ризикот на работно место и за оние работници кои работат изложени на ниски темепартури да се направи посебен режим на работа и на сите лица кои работат на отворено или во екстермно ладни услови да им се овозможат топли напитоци и почести паузи во топла просторија
Tweet |