Петар Печков
Објавено: понеделник, 20 јули 2015
Советот на општина Велес на последната седница ги подели дел од просториите кои ги намени за користење од страна на граѓанскиот сектор. Од 33-те добиени пријави комисијата прегледала половина, 16 и за толку решила каде ќе се вдомат во наредниот период, бесплатно.
За останатите 17, колку што останаа да се разгледаат и доделат простории, тоа ќе се случи до крајот на летото. Останува на здруженијата да склучат договор со градоначалникот за користење на просториите во период од три години. Тие ќе имаат обврска редовно да ги подмируваат сметките за комунални трошоци струја, вода. Еве и кој здруженија добија простории.
Здружение „ Хрвати Веритас Кроација“ Велес доби простор на ул. „Тодор Јанев“ бр.7-А односно простоија во УЗ „9-ти Ноември“.
Еколошкото друштво „Вила Зора да им додели просторија која се наоѓа во објект на ул. „Трајко Панов“ бр.22, каде што работеа и досега.
Еколошката групација „Грин Пауер“ да им додели просторија која се наоѓа на ул. „Трајко Панов“ бр.22 кои и досега работеа во истите.
Извиднички одред „Димитар Влахов“ од Велес да им додели просторија која се наоѓа на ул. „Трајко Панов“ бр.22, каде до сега ги иамше своите активности
Друштвото на родители за здраво поколение од Велес да им додели просторија која се наоѓа на ул. „Трајко Панов“ бр.22. И тие ќе ги корситат истите простори каде досега беа сместени.
Здружението спортски риболовци „Бабуна“ да им додели просторија која се наоѓа на ул. „Благој Ѓорев“ 35-A просторија во објект на урбаната заедница „Трајче Панов“. Ова се просториите кои и досега тие ги користеа.
Здружението „Хорлет“ да им додели простории кои се наоѓаат на на ул. „Димитар Влахов“ бр.57, тоа е во некогашниот Хотел Вила Зора.
„Здружение на лица со церебрална парализа“ –Велес, да им додели просторија која се наоѓа на ул. „Трајко Панов“ бр.22, каде и досега работеа.
Здружението „Визија Центар за научна фантастика на Македонија“ Велес,да им додели просторија која се наоѓа во објект на ул. „Димитар Влахов бр.57, тоа е во некогашниот Хотел Вила Зора.
Здружението „Организација на жени“ Велес ,да им додели просторија која се наоѓа во објект на ул. „Васил Ѓорѓов“ бр.35 А.
Здружението „Разбој“ Велес да им додели просторија која се наоѓа на ул. „Трајко Панов“ бр.22 кои добија простор во зградата на невладиниот сектор во Дворови.
Здружението „Мото клуб носачи на крстот“ Велес да им додели просторија која се наоѓа на ул. „Цар Самоил“ бр.1, зградата на Синдикат.
Стрип центар на Македонија “ Велес, да им додели просторија која се наоѓа на ул. „Димитар Влахов“ бр.11 просторија во локалната библиотека „Гоце Делчев“.
Здружението „Канаринец“ Велес да им се додели просторија која се наоѓа во објект на ул. „Тодор Јанев“ бр.7-A.
дружението „Корисници на инвалидска пензија“Велес, да им додели просторија која се наоѓа во објект на ул. „Димитар Влахов бр.57, некогашен хотел Вила Зора.
Tweet |