Петар Печков
Објавено: петок, 03 декември 2021
Волонтерите од Општинскиот цревен крст ги побледија пакетите со хуманитарна помош, кои беа од донираните средства на ноќната трка „Велес трча“. Поделени беа 30 пакети со храна и хигиенски средства.
„Пакетите се набавија од средства во рамки на манифестацијата „Велес трча“ на која донираа сите учесници и присутните посетители. Со финансиски средства помогна и компанијата „Маркарт“ . Собрани беа средства во висина од 30 илјади денари“ - кажа Орце Николов, секретар на ОО Црвен крст Велес.
На семејствата од социјален ризик им беа поделени 20 пакети додека 10 на жртвите на семејно насилство. Со овој чин ОО на Црвен крст Велес се вклучија во кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“. Хуманитарните пакети содржат основни прехранбени производи, кои не се расипливи.
Ноќната трка „Велес трча“ беше организирана во чест на денот на општината 9-ти Ноември.
Tweet |