Петар Печков
Објавено: понеделник, 27 септември 2021
Од велешката Територијална против пожарна единица, апел за подигнување на безбедноста на домовите на велешани, во пресрет на есента и зимата и почетокот на грејната сезона. Ова се однесува и на индивидуалните домови и колективните згради за живеење.
„Граѓаните потребно е да ги проверат исправноста на громобраните, хидрантите,- главана хидранта цевка, да се отстранат предмети кои се на скалите и стојалиштата, да се ослободат противпожарните скали за евакуација, горливите материи - алкохол, нафтени деривати, плински боци правилно да се сместат во подрумските простории,, да се проверат излезните црева, сигурносниот вентил, електрични инсталации и електрични уреди. Да се едуцираат децата за опасноста од запалките и тие да се отстранат од близина на најмалите. да се проверат плинските уреди во возилата и инсталацијата, “ - кажа Љупчо Лепидовски, командир на ТППЕ Велес.
Додава дека ова е потребно за претстојната зимска сезона, за да граѓаните да бидат безбедни заедно со нивните семејство во нивните домови.
„Безбеден град, сигурни граѓани, успешна општина“ - заврши Лепидовски.
Tweet |