речник контакт

Поднесено обвинение за Манев, Видевски, Кешишов, Ѓорчевски за убиство и грабнување на малата Вања и Панче Жежевски

Колкава затворска казна им се заканува на обвинетите, според Кривичниот законик за кое се обвинети. ОЈО Скопје со детали како се извршени убиствата

Петар Печков

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднел Обвинителен акт против четири лица. Тројца од обвинетите  велешаните Велибор Манев и Боре Видевски, заедно со штипјанецот - Влатко Кешишов,  се гонат за:

едно кривично дело – Убиство од чл.123 ст.2 т.1 и т.7 в.в. со чл.22 од Кривичниот законик (2) Со затвор најмалку десет години или со доживотен затвор ќе се казни тој што: 7) ќе лиши од живот женско лице за кое знае дека е бремено и или малолетно лице  и и  едно кривично дело – Убиство од чл.123 ст.2 т.1 и т.4 в.в. со чл.22 од Кривичниот законик и двете казниви по чл.123 ст.3 од Кривичниот законик,  4) друг ќе лиши од живот од користољубие, заради извршување или прикривање на друго кривично дело, од безобѕирна одмазда, од омраза или од други ниски побуди

Потоа за едно кривично дело – Грабнување од чл.141 ст.2 в.в. со ст.1 в.в. со чл.22 од  Кривичниот законик и  едно кривично дело  –  Грабнување од чл.141 ст.1 в.в. со чл.22 од  Кривичниот законик. (2) Тој што делото од став 1 го стори спрема малолетно лице или тој што заради остварување на целта на грабнувањето од став 1 се заканува дека ќе го лиши од живот грабнатото лице или дека тешко телесно ќе го повреди, ќе се казни со затвор најмалку четири години. (1) Тој што ќе изврши грабнување на некое лице со намера него или некој друг да го присили да стори, да не стори или да трпи нешто, ќе се казни со затвор одедна до десет години.

Како соизвршител, Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања според обвинителниот акт ќе одговара за помагање во грабнувањето,  заедно со уште едно осомничено лице за кое истрагата за исти кривични дела е во тек Љупчо Палевски Палќо, испланирале грабнување на 14-годишното дете Вања Ѓорчевска со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп.

Обвинетилството објави детали за тоа како обвинетите ги извршиле делата

На 22.11.2023,  заеднички извршиле грабнување на оштетениот Панче Жежовски во Велес, со намера да го присилат да им го даде сопственото возило “Цитроен” за да го користат за грабнување на детето во Скопје. Обвинетите отишле до куќата на оштетениот, физички го совладале и го врзале, а потоа го ставиле во багажникот и се упатиле до местото викано “Рудник” во околината на Велес, каде од користољубие и на свиреп начин, со умисла го лишиле од живот со огнено оружје – пиштол со калибар 9 милиметри.

На 27.11.2023, обвинетите Манев, Видевски, Кешишов и осомничениот Палевски, помогнати од четвртиот обвинет(таткото на Вања), извршиле грабнување на девојчето во влезот од зграда на улицата “Наум Наумовски Борче” во Скопје. Откако претходно обвинетиот татко на оштетеното дете, преку првоосомничениот Палевски, дал упатства за времето кога девојчето ќе излезе само за да оди на училиште, тројцата сега обвинети дошле пред влезот на зградата каде живее оштетеното дете.

Со штрафцигер ја отвориле вратата од влезот на зградата, па кога жртвата излегла од лифтот, ја фатиле, ја совладале и ја врзале, заканувајќи и се да не вика затоа што ќе пукаат. Ја ставиле во вреќа за спиење со подотворен патент и со автомобил ја однеле во близина на местото викано “Дупки”, во атарот на селото Бразда.

Таму на свиреп начин, со умисла го лишиле од живот малолетното лице, така што првоосомничениот Палевски  и нанел огнострелна повреда со истрел од пиштол со калибар 9 милиметри, а обвинетите го закопале телото во претходно ископана дупка.

Потоа на нива покрај земјен пат, во атарот на селото Бразда, го запалиле автомобилот “Цитроен” со велешки регистарски таблици, за што употребиле бензин во туба што го набавил еден од обвинетите. Таткото на девојчето им помогнал да го реализираат нивниот план и тој е обвинет за помагање во кривичното дело – Грабнување.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »