Аница Солева
Објавено: вторник, 24 јануари 2006
Две училишта од Велес ќе имаат подобро затоплување, кога ќе се реализира проектот за енергетска ефикасност, вреден 61 илјада долари. Договорот го потпишаа Општина Велес и американската агенција за обнова и развој УСАИД. Во основното училиште \"Јордан Хаџи Константинов-Џинот\", ќе биде реновиран покривот, а во средното училиште \"Коле Неделковски\" ќе се менува електричната инсталација. Веќе се инсталира нова опрема и треба да се заштедат 10 илјади литри гориво и 11 илјади долари годишно. Извор:[url=www.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=2962&stID=71263&pdate=2006011]www.dnevnik.com.mk[/url]
Tweet |