Петар Печков
Објавено: вторник, 18 декември 2018
Проектот "Велес без бариери" ја доби поддршката на граѓаните на форумот на заедниците и тој ќе биде реализиран следната година. Со овој проект се планира нивелирање на рабници (ивичници) на главната улица „Благој Ѓорев“, поставување на платформи за три основни и две средни училишта како и подобрување на пристапноста на општинската зграда за ранливата група на граѓани, лицата кои користат колички при движењето.
Проектот ,, Велес без бариери,, е вреден 45 илјади швајцарски франци и ќе се реализира со помош на Швајцарската агенција за развој и соработка, УНДП и Општина Велес. Преку четири форумски сесии, членовите на граѓанскиот сектор избираа помеѓу ,,Пристапност на јавните површини и јавните институции,, ,,Младински центар,, и ,,Едукација на децата низ игра, работилници, презентации и волонтерска работа и социјална одговорност,, за на крајто преку гласање поддршка добие првиот проект. Предложените три проекти беа разработувани изминатиот период од еден месец, од проектните групи.
Општина Велес се заблагодарува на граѓаните за останатите проектни предлози кои имаат одличен квалитет и ќе се заложи за нивна интеграција во идното планирање на своите активности - истакна Весна Стојанова Богоевска, член на Советот на Општина Велес.
Со мнозинство на гласовите како најприоритетен проект беше избран проектот "Велес без бариери- пристапност до јавни површини и установи", со кои се решаваат проблемите кои ги имаат граѓаните со ограничена мобилност ,старите лица, родители кои управуваат со детски колички.
Tweet |