речник контакт

Поемата Џез на Александар Сашко Кукулев

Несекојдневно поетско дело, кое освен во печатено издание го има и на ЦД

Петар Печков

Излезе од печат поемата Jazz првата  книга со поезија на Александар Сашко Кукулев. Во својот осврт кон ова навистина уникатно и по многу нешта единствено дело во македонската современа поезија, Претседателот на Светската Академија на науките и уметностите Др. Иво Шлаус изворно ќе напише

"U ovom vremenu na koje se mogu primijeniti rijeci Charlesa Dickensa: "This is the best of time, this is the worst of time", nasa egzistencija ovisi o temeljnim vrijednostima ljudskog roda: ljubav, znatizelja i hrabrost. Umjetnost - bolje nego ijedna druga nasa djelatnost - sjedinjuje sve te tri vrijednosti. Poema Jazz reflektira jedinstvenost danasnjeg vremena. Autor naglasavajuci upravo ritam jazza i ljubav usmjerava nas na hrabrost koja je danas nuzna.Cestitam ! " 

Патем Dr. Ivo Šlaus  е  President of the World Academy of Art and Science. Интернационалната верификација на поемата Jazz на Александар Кукулев, доаѓа и од Русија. За еден од рецензентите лингвистот Проф. д-р Сергеј Богданов, Проректор на Државен Универзитет Санкт Петерсбург, Русија, поемата Jazz донесува нова свежина во современата македонска поезија и додава

„Јас сум Алшар
            од кого ја црпиш сончевата смиреност
            и им се враќаш на почетните ноти
            на државната химна“

Веќе подзаборавениот литературен облик на поемата со сите предности но и сложености кои сами по себе произлегуваат од овој специфичен начин на изразување, доаѓаат до израз во поемата „Џез“. Лајт- мотивот на авторот е невообичаен (Џез) меѓутоа  во исто време  претставува предизвик за разбирање на значењата кои се содржани во поширокиот контекст на литературна рецепција. Иако на прв поглед е изненадување зошто овој мотив е избран дури и за наслов на поемата, веќе по првото читање станува јасно дека џезот овде е симболика како на внатрешната рецепција на себеси така и на сите надворешни елементи кои го структурираат животот на секоја индивидуа, а во конкретниот случај поврзан со суптилни означувања на Македонското насекаде.

Џезот отсекогаш бил не само музичко туку и симболичко упатување кон културните матрици , и во тоа е неговата специфика, неговата вредност како можна визура за доживување на се, и на себеси и на светот, и на другите и на највозвишените фантазии. И затоа авторот го искористува овој позитивно -вредносен бекграунд на џезот во процесот на пишување, како рефлексија на сопствени лични доживувања на најсуптилните слоеви, од се што е значајно за него.

Во целата комплексна композиција на поемата е задржан џезот и како симбол на разиграно, нескротливо, енергично а на моменти и агонично анализирање на себеси.

  „... светулките над Свети Наум
            како кандила             ги простуваат
            сребрените температури
            на непознатите погледи…“

По читањето на оваа книга мора да се истакне дека одамна во современата македонска литература, во која и нема многу развиени традиции на негување на поемата како книжевен род, не е забележана ваква концентрација на синтези. Авторот на свој, специфичен и личен начин, успева да ги обедини визиите на неговото Јас со конкретни географски, национални и културни матрици. Неговата ерудиција се забележува во прецизните комбинации и сложени преплети на најразлични теми, кои потоа успешно ги синтетизира во клучниот мотив, џезот како негов најрепрезентативен стил на мислење, доживување и живот, разбирање на љубовта. Оваа книга, меѓу другото, ќе претставува и значителен поттик за понатамошен развој на ваквиот пристап во современата македонска литература.
 
Поемата Jazz е печатена на македонски, англиски, турски и српско-хрватски јазик. Заедно со печатеното издание,читателите ќе добијат и цд со аудио верзија на поемата во интерпретација на авторот. Официјалната промоција на  поемата Jazz , ќе се случи во текот  на месец јули во Скопје и во Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »