речник контакт

Поетесата Марина Стојанова е добитник на наградата „Коле Неделковски“

Признанието го доделува Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ од Велес, традиционално награта се врачува во родното село на Неделковски, Војница

Петар Печков

Поетесата Марија Стојанова, роднокраен поет од Велес е добитник на наградата „Коле Неделковски“ кое ја доделува  Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ од Велес.  Во неговото родно село Војница традиционално беше доделена  наградата.

Стојанова е член на Клубот на писатели. Со тоа беа одбележани 84 години од смртта на поетот и револуционер Коле Неделковски  Беше положено свежо цвеќе пред неговите спомен бисти во училиштето во село Војница и во средното училиште „Коле Неделковски“ во Велес а за животот на поетот говореше Елица Николова. Беа прочитани и стихови инспирани од поезијата на Неделковски.

Присутните ја посетија и музејската спомен соба на Неделковски. Коле Неделковски, истакнат македонски поет и револуционер. Роден во село Војница на 16 декември 1912 а починал на 2 септември 1941 во Софија кога сардисан од бугарската полиција, скокнал од станот на петтиот кат, од зграда во Софија.

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »