речник контакт

Поетот Крајчев со две награди, во Корчула и Струга

Наградите ги прифаќам како своевиден патоказ дека се наоѓам на вистинскиот пат - кажа Крајчев

Петар Печков

Велешкиот поет   Игор Крајчев за краток период,   доби две награди, меѓународната награда „Петар Канавелич и Корчула“  е добиена во мај годинава, на Корчула, а наградата  ,,Јован Котески,,во јули годинава во Струга. 

Меѓународната конференција „Петар Канавелич и Корчула“се одржа на островот Корчула, Република Хрватска,  и на неа учествуваше и македонскиот автор Игор Крајчев, кој имаше свое научно-книжевно излагање на тема „Петар Канавелич и Јордан Хаџи Константинов Џинот“.  Таму  Крајчев ја имаше и првата промоција на својата нова поетска книга „21“, на македонски и англиски јазик. 

Меѓународна награда „Петар Канавелич“, која секоја година ја доделува Хрватското книжевно друштво, токму на оваа манифестација и која до сега ја добиле значајни книжевни дејци од многу земји, годинава ја доби велешанецот  Игор Крајчев за неговите  книжевни и научни достигнувања. За  нова книга „21“ Крајчев ја доби и престижната книжевна награда „Јован Котески“ за 2019 година, која традиционално се доделува на Струшките книжевни средби и тоа за нова необјавена поетска книга.

За наградите Крајчев вели дека е среќен што добива признанија од книжевната фела.

Признанијата  не ми се приоритет, затоа што моето  творештво не е заокружено и дека има уште многу што да кажам и придонесам за современата македонска книжевност. Секако тоа не значи дека истите не ми значат, туку дека ги прифаќам како своевиден патоказ дека се наоѓам на вистинскиот пат и како поттик за уште понапорна работа и уште нови дела - кажа добитникот Крајчев. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »