Петар Печков
Објавено: среда, 10 јули 2024
Од доцна попладне регистриран е нов пожар. Овој пат пожарникарите се борат со огнот кај село Грнчиште, Општина Градско, кој што бил блиску до куќите на селото. Гори сува трева и нискостеблеста вегетација, соопштија од Центарот за управување со кризи.
„Општината побара помош, бидејќи нема ниту противпожарни сили ниту ресурси. Притоа, пожарникарите од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Велес, иако се и на гаснење на други пожари, кога го ставија под контрола пожарот кај Горно Оризари отидоа на помош. Пожарникарите од Велес, со едно против пожарно возило и три пожарникари, заедно со мештаните, коишто се самоорганизирани и со трактори на терен дејствуваат врз пожарот и го бранат селото. Направен е заштитен појас околу селото за да се заштитат куќите и другите објекти. Заради променливиот ветар и сувата вегетација, се работи за префрлен пожар преку ридот кон селото што денеска се гаснеше во дел и со воздухопловна поддршка“- информираа од ЦУК
Другите противпожарни единици во централниот дел на државата се ангажирани на други пожари на отворено, пред се за гаснење на големиот пожар кај село Пепелиште, неготинско.
Tweet |