Петар Печков
Објавено: петок, 14 јуни 2024
Четвртокот попладнето пожар во Речани, при што изгореле два објекти, кои не биле употребливи, функционални, ниту користени. Пожарот е регистриран во 16,20 а локализиран во 19,35ч. била површина со ниско стеблести растенија и трева.
„Пожарот беше опасност по околните куќи и објекти, гореше сува трева и опожарени се два објекти. Колегите по тричасовна борба го локализираа “- кажа Димче Јованов командир на вод на ТППЕ Велес.
Во пожарот биле зафатени и два стари – напуштени, воени магицина, во велешката населба „Речани“, зад хотелот „Монтенегро“. Зафатена била површина од 10 хектари ниска вегетација. Заради силниот ветар, постоела опасност за куќите на работ од населбата.
„На ден 13 јуни во 16:20 примена е дојава за запалена сува трева и два напуштени објекта. Територијалната Против Пожарна Единица Велес излезе на лице место со 2 против пожарни возила и 5 пожарникари спасители по пристигнување на лице место пожарот е затекнат во развиена фаза, по што од лице место е побарана дополнителна помош од 4 пп возила и 7 пожарникари спасители. Пристапено е кон гасење на пожарот иако силниот ветер ја отежнуваше акцијата успеавме да го ставиме под контрола и целосно да го ликвидираме. Во акцијата нема повредено ниту пожарникари ниту од цивилите кој помагаа во гасењето“- соопштија од ЦУК.
фото илустрација
Tweet |