речник контакт

Пожар во близина на село Карабуниште

Гори нискостеблеста шума

Петар Печков

Некаде околу 11,30 часот регистриран е пожар во пределот над пругата Велес - Скопје, во делот  помеѓу  железничките станици Рајко и Пчиња. 

Според Центарот за управување со кризи, на местото се екипи на противпожарната единица од Велес и од Македонски шуми ПЕ „Бабуна“ Велес.

„Зафатена е голема површина на ниско стеблеста шума. Во локализирањето на пожарот учествуваат и мештани од село  Карабуниште“ - кажа Љупчо Лепидовски командир на ТППЕ Велес, кој е на местото на пожарот.  

Огнот се искачува кон сртот на планината и зафаќа се повисоко делови од неа.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »