Петар Печков
Објавено: среда, 20 февруари 2019
Вторникот поладне во билзината на село Раштани избувнал пожар од кој е опожарен еден објект и околната површина. Го гаснеле пет пожарникари со две возила, три часа од 15 до 18 часот.
Опожарен е градежен ојект со 20 м2 како и околината пет декари сува трева и пет декари лозје -изјави команирот на ТППЕ Велес Љупчо Лепидовски.
Во атарот на с.Раштани м.в.„Лаки“ настанат е пожар на една викенд куќа сопственост на П.Р.(53) од Велес Пожарот е изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица - Велес - информираше портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски.
Извршен е увид на местото на настанот по што ќе бидат познати причините за огнот.
Tweet |