речник контакт

Пожар во стан во населба Тунел

Поради вдишување на чад, Д.С. бил пренесен во болницата во Велес

Петар Печков

Понеделникот напладне во населба Тунел, избил пожар во стан. Сопственикот бил хоспитализирани. СВР Велес со повеќе детали за настанот.

„На 5  септември  околу 12.30 часот во СВР Велес било пријавено дека настанал пожар во стан на  во стан ул.„Славко Горгиевски“ во Велес, сопственост на Д.С.(40) од Велес. . Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Велес“- соопшти Ристе Самарџиев портпарол на СВР Велес.

Поради вдишување на чад, Д.С. бил пренесен во болницата во Велес за укажување лекарска помош.

„Околу пладне е донесено лице на Интерното одделение, кои при гаснење на пожар вдишало чад. Повредениот е во стабилна состојба. ноќта ја мина на посматрање  на одделение“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на велешка болница.

Увид за констатирање на причинети на пожарот  извршила екипа од СВР Велес.

 фото илустрација

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »