речник контакт

Пожар зафатил угостителски објект кај Авона

Од пожарот биле зафатени летната тераса на објектот и кровна конструкција, а настанало оштетување и во дел од внатрешните простории

Петар Печков

Петокот попладне пожар кај угостителски објект, близу  крстосницата. Информациите од велешката Територијална пожарна и велешката полиција.

„На 16 октомври  во 16:28 примена е дојава за задимување на ул. Благој Ѓорев бр.99 кај Давинчи паб. Територијална Против Пожарна Единица Велес излезе на лице место со две против пожарни  возила и шест  пожарникари спасители. По пристигнување на лице место пожарот е изгаснат“ – соопштија од ТППЕ Велес.

„На 16 октомври  во СВР Велес било пријавено дека околу 14:45 часот настанал пожар во угостителски објект во Велес, сопственост на П.Т.(49 год) од Велес. Од пожарот биле зафатени летната тераса на објектот и кровна конструкција, а настанало оштетување и во дел од внатрешните простории. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од Територијална противпожарна единица Велес“ – информира Ана Милевска Ѓеоргиева, портпарол на СВР Велес. 

Причините за пожарот ќе се знаат по анализите од извршениот увид на велешката полиција.

фото архива ТрМр 

АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »