речник контакт

Пожар кај Габровник, се бараат авиони за гаснење на огнот

Воведена е и забрана за движење низ шума

Петар Печков

Од вчера во атарот на  општина Чашка, пожар што се појавил кај селото Мокрени и се проширил кон селата Богомила и Габровник. Во делот на селото Богомила гори со слаб интензитет, а кај селото Габровник е со посилен интензитет. На пожарот кон селото Габровник ангажирани се лица од шумското стопанство „Бабуна“ и пожарникари од Територијалната противпожарна единица на Велес, а побарано е и ангажирање на авиони бидејќи пожарот брзо се шири кон Прилеп.

Министерството за земјоделство и шумарство воведе забрана за движење во шуми и шумско земјиште, поради појавата на шумски пожари. Забраната ќе трае сè до нејзино отповикување.

Забраната не важи за вработените во ЈП „Национални шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја од сите категории (национални паркови, парк-шуми,  шуми со специјална намена споменици на природата и сл). За непочитување на оваа забрана на физички лица кои се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност.

Од Министерството информираат дека исто така се забранува палење стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловиштата и друг земјоделски отпад на земјоделско земјиште како превентивна мерка за заштита на шумски пожари.

За непочитување на одредбите од Законот за ловството се предвидува глоба во износ од 1.500 до 3.000 евра во денарска противвредност за прекршок на физичко лице.

Забраната ја спроведуваат вработените од ЈП „Национални шуми“, субјектите кои управуваат со заштитените подрачја од сите категории кои вршат дејност заштита, МВР, Шумска полиција, Државниот инспекторат за шумарство и ловство, Државниот инспекторат за животна средина и други инспекторати до слична надлежност.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »