речник контакт

Пожар кај Дорутовец кој потоа се прошири на патот кон Штип (фото видео)

Поради чадот сообраќајот кон Штип го регулира сообраќајна полиција

Петар Печков

Попладнево  избувна пожар во велешката месност „Дорутовец“, по бензинската станица на „Макпетрол“, пред влезот во Велес. 

Поради ветрот и опасноста пожарот да се прошири, раководителот на Главниот штаб за управување со кризи, Стојанче Ангелов, попладнево  активираше два авиона „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). На терен беа пожарникарите на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Велес коишто дејствуваат со две противпожарни возила и шест нивни припадници.

По дејството на противпожарните авиони „ер трактор“ на ДЗС, пожарникарите на ТППЕ Велес, месно население од село Чалошево, и екипа со цистерна од ЈП ,,Дервен“ врз пожарот во месноста „Дорутовец“ во Велешко, опасноста е намалена, но пожарот е проширен во правец на патот Велес – Штип. 

Заради чадот што ветрот го носи кон автопатот, од Главниот штав за управување со кризи е побарана поддршка од МВР за регулирање на сообраќајот согласно потреби.

 фото и видео Борјан Михајловски Драган Цветиќ ДЗС

АНКЕТА »

Дали ВАР системот на последното СП во фудбал влијаеше на резултатите од одредени натпревари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »