речник контакт

Пожар на паркингот карши ОУ Џинот, оштетени шест возила

Интервенцијата на пожарникарите спречила да се направи поголема штета на паркираните возила

Петар Печков

На пладне бил регистриран пожар на паркингот карши поранешното ОУ Јордан Хаџи Констанинов  Џинот, оштетени шест возила. Детали од информацијата на велешката пожарна.

„На ден 10 јули во 13:45 примена е дојава пожар во близина на автобуска станица Велес Територијална Против Пожарна Единица Велес излезе на лице место со едно противпожарно возило и тројца пожарникари спасители. По пристигнување на лице место гореше тревата помеѓу патот и паркингот. Од огнот оштетени се  минимално се шест паркирани возила“ – информираа од ТППЕ Велес. 

Благодарение на брзото пристигнување и брзата интервенција на пожарникарите  не било  дозволено да направи поголема штета на возилата.

АНКЕТА »

Дали новината, коцкарници, казина да бидат 500 метрa подалеку од училиште, ќе ја намали зависноста од коцкањето кај младите?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »