речник контакт

Пожар помеѓу Раштани и Превалец, горела ниска вегетација но и лозја

Пожарот избувнал околу 16ч. локализиран е околу 20ч

Петар Печков

Попладнево, четврток,  избувнал пожар  помеѓу селата Раштани и Превалец, каде горела ниска вегетација, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според нив пожарот до 18ч. беше активен.  Велешките пожарникари соопштија околу 20ч. дека пожарот е локализиран. Подоцна ЦУК информира дека огнот зафатил и лозја. 

„На ден 24 сепетмври во 15:55 примена е дојава за пожар позади плацот на МАРО ТУРС Територијална Против Пожарна Единица Велес излезе на лице место со 2 противпожарни  возила и 6 пожарникари спасители. По пристигнување на лице место почнато е со гасење на пожарот. Од лице место побарано е дотур на вода со 1 пп возило и 1 пожарникар спасител. Благодарение на пожртвуваноста на нашите колеги и брзата интервенција на луѓето кои живеат во околните куќи пожарот е изгаснат“ – соопштија од ТППЕ Велес. 

АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »