Петар Печков
Објавено: вторник, 02 февруари 2010
Пожар уништи семејна куќа во Велес, при што четири семејства останаа без кров над главата. Среќна околност е што никој не е повреден. Огнената стихија пламнала во 8 часот во кујната и според очевидците зафатила дел од ламперијата на горниот кат од куќата, по што огнот бргу ја зафатил покуѓнината и таванот. И покрај брзата интервенција на пожарникарите силниот ветер придонел за ширење на огнот кој го уништил горниот кат од куќата на улица Стојан Јанаќиевиќ број 10. Тука живееле семејствата Арсовски, Стефанови и Мехмет.
- Незнам како дојде до оваа несреќа, останавме на улица. Утрото јас прв излегов од дома во 6, отидов на работа, потоа сопругата и синот последен заминал во 7 во Гимназија. Ќумбето не го запаливме, бидејќи немаше потреба, го згаснавме синоќа. Инсталацијата во куќата ја сменивме пред осум години. Како огнот пламнал не знам – вели семејството Мехмет. Тоа била нивна семејна куќа стара стотина години, оставена од дедо им.
Силниот ветер не дозволуваше лесно да се локализира пожарот и покрај енергичната интервенција на пожарникарите. Соседите кои немо ја гледаа страшната слика, само низ заби коментираа „пуст ветер, златни и чесни домаќини ги остави без дом“. Лошата конфигурација на теренот, тесните сокаци од една страна и висината од друга страна, дозволуваше огнот да се гасне само од задната страна на куќата со вода од хидрант, бидејќи одникаде не можеше да стигне пожарникарско возило. Но и покрај тоа, овие луѓе со натчовечки напори успеаја да го локализираат огнот, кој се закануваше да ги зафане и неколкуте соседни куќи. Но ветрот постојано го разгоруваше, така беше најмалку шест часа. Водата од десетината противпожарни возила ја оштети покуќнината на првиот кат од куќата.
- Важно е дека нема никој повредени. Внатре се изгоре и се уништи. Се што создававме со години стана пепел за еден саат – изјавија од семејството Арсовски кои живееја на горниот кат од семејната куќа. Таа освен што е сопственост на четири фамилии, заедно со неколкуте од соседството е заштитена како културно богатство, бидјеќи припаѓа на старото градско јадро. Семејствата побараа помош од локалната власт, бидејќи останаа на улица, без покрив и покуќнина. Безуспешни беа нивните напори да влезат во домовите за да изнесат нешто и спасат дел од покуќнината. Поради опасноста да огнот и рушење тие само немо следеа како се што создавале цел живот, сега изчезнува. На местото од пожарот, дојде претседателот на Советот Славчо Чадиев, кој најави дека локланата власт во рамките на нејзината можност, ќе им помогне.

Tweet |