Петар Печков
Објавено: понеделник, 27 февруари 2023
РЦУК Велес известува за пожар во атар на село Бистрица, место викано Бистрички осој. Од страна РЦУК - Велес се известени ТППЕ Велес и Шумско стопанство Бабуна Велес. Гори претежно ниви, стрништа и ливади. Екипа од Шумско стопанство Бабуна Велес е на терен и го контролираат пожарот.
Според информацијата добиена во 9.05 од страна на Директорот на ЈП Национални шуми подрачна единица ,,Бабуна" од Велес, пожарот во атарот на село Бистрица, во месноста ,,Бистрички очи", Општина Чашка, што беше поделен на два крака, едниот крак над село Ореше и другиот крак над село Папрадиште и што зафати поголема шумска површина е изгаснат и нема димење.
Исто така и пожарот кај месноста ,,Мукос - Јасенова глава", Општина Чашка што се појави во 14часот во текот на вчерашниот ден, недела е изгасен.
Од страна на ЈП Национални шуми подрачна единица ,,Бабуна" од Велес, сме известени дека и пожарот кон село Гостиражни е изгасен во текот на ноќта.
На лице место на овие два пожари, од страна на ЈП Национални шуми подрачна единица ,,Бабуна", од Велес, има поставено по двајца вработени кои ги надгледуваат опожарените делови во случај повторно да се појави задимување. Површините на опожарените делови се непознати и ќе се утврдуваат во текот на денешниот ден.
Tweet |