Петар Печков
Објавено: четврток, 23 ноември 2023
Велешките пожарникари со апел до граѓаните, кои користат огревно дрво како енергенс, во претстојниот период.
Да се чистат оџаците пред грејната сезона апелираат од Велешката Територијална против пожарна единица (ТППЕ).
„Апелираме граѓаните редовно да ги чистат оџаците, бидејќи во зимскиот период најголема опасност по безбедноста на имотот и животот на граѓаните доаѓа од запалените оџаци“ - велат од ТППЕ Велес.
.
Минатата 2022 година, на територијата на Општина Велес, е намален е бројот и на интервенции при запален оџак 17, наспроти 21 во 2021.
фото : интернет
Tweet |