речник контакт

Пожарникарите со отворен ден го одбележаа 20 мај

30-тианта пожарникари интервенираат на територијата на три општини Велес, Градско и Чашка. Тоа според големината е втора во Македонија, по Прилепската

Петар Печков

На 20 мај, Денот на македонските пожарникари, во Територијалната противпожарна единица Велес, беше организиран отворен  ден.

На него од 10ч. посетителите можеа да ги видат возилата  и опремата со кој располага единицата. Во текот на денот беа  посетени и од  најголемата, возрасната група од детските градинки од сите клонови во Велес.

Децата се дружеа со пожарникарите. Пожарникарите им оддржаа едукативен час  за заштита од пожари и ги запознаа со опремата и возилата.

ТППЕ Велес според староста располага со понов возен парк меѓу колегите во Македонија, има 30 пожарникари а според правилникот потребни се 43.

Тие интервенираат на територијата  на три општини Велес, Градско и Чашка. Тоа според големината е втора  во Македонија, по Прилепската.

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »