Петар Печков
Објавено: четврток, 12 март 2020
Велешките пожарникари имаа полни раце работа изминатите два дена. Интервенирале во три одвоени случаи.
Во средата по полноќ се запалил објект во село Оморани, при што е направена голема материјална штета. СВР Велес информираше дека настанал пожар во плевна и работилница, сопственост на Р.Ѓ.(63), при што изгорел трактор сo приклучна механизација и разновиден алат, а повредени лица нема.
Во перидот од полноќ до 3,5 часто огнот го гаснеа петмина пожарникари со две возила како и сопствениците на објектот - информираше Љупчо Лепидовски команмдир на ТППЕ Велес.
Деенес интервенирале во пожар кој зафатил напуштена куќа во село Бузлаково. По барање на СВР Велес велешктите пожарникари интервенирале и во случај на спасување на избегано лице С.Ј. ( 67 год) од устнова во Демир Хисар.
Лицето се криело дома неколку дена, по што беше побарано да влеземе дома преку тераса на втори кат, и тоа да биде достапно до полициските сили. Акцијата е успешно изведена и лицето е вратено во Демир Хисар - изјави Лепидовски.
фото:архива
Tweet |