Петар Печков
Објавено: понеделник, 31 јули 2023
Попладнево велешките пожарникари спречија огнената стихија да ја зафати боровата шума покрај автопатот Велес- Скопје. Тоа е шумата на излезот од Велс а пред мостот кај Отовица. Огнот се локализирал во период од 16,35 до 19,30 ч.
„Со интервенција на 4 возила и 13 пожарникари пожарот е целосно ликвидиран. Изминативе денови сме сведоци на многу пожари, поради што апелираме на посебно внимание и грижа за околината“- соопшти на ФБ градоначалникот Марко Колев.
Тој упати благодарност до ТППЕ Велес за нивната посветена работа и професионална одговорност.
Tweet |