речник контакт

Пожарот кај Богомила зафати користени железнички дрвени прагови кои при оган испуштаат канцерогени материи во воздухот (фото видео)

Пожарот бил регистриран во 17ч а локализиран во 23,15ч. Го гаснеле велешките пожарникари, локлано население доброволци од ДПД Бабуна од Чашка и екипа на ЈКП Комуналец од Чашка

Петар Печков

Вчера попладне и вечер, четврток, било критично во село Богомила откако  пожар зафатил стотина дрвени користени железнички прагови. Тие биле поставени на железничката станица во селото, а огнот се прошилил и кон првите куќи.

„Драматично беше во селото Богомила во општината Чашка, каде огнот дојде до првите куќи. Благодарение на брзата интервенција на локалното население и на пожарникарите од Велес, пожарот беше локализиран и ставен под контрола и изгаснат“ – кажа Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

Гореле дрвени прагови кои  биле складирани на железничката станица Богомила за нивна реупотреба. Истите се канцерогени и се  забрануваат да се користат за палење и греење.  Хемикалиите во дрвото создаваат црн, густ и силно загадувачки чад. Предизвикуваат и  загадување,  токсичните материи го трујат воздухот почвата и подземните води.

Во Законот пишува   дека „палењето на стари железнички прагови е строго забрането и претставува сериозна опасност за здравјето на луѓето и природата“. Железничките прагови се премачкани со креозот или други опасни хемикалии за заштита од гниење, кои при горење испуштаат отровни и канцерогени гасови.

„Добивме пријава за пожар во Богомила, екипите на ТППЕ Велес беа на терен од 17 до 23,15 часот, кога пожарот е локализиран. Изгореа околу 8 декари ниско стеблеста и деградирана шума и железнички прагови“ – соопшти Димче Јованов командир на вод од  Територијалната противпожарна единица од Велес. 

Тие интервенирале со четворца пожарникари и две возила. На терен биле и доброволците од ДПД Бабуна од Чашка, цистерна на ЈПКД Тополка  од Чашка, во чија општина спаѓа село Богомила, како и бројно локално население, кое го спасувало куќите  од огнот. Тој во  вечерните часови стигнал до првите куќи на  влезот во Богомила, од правец на Велес.  

Интервенирал и противпожарниот воз на Македонски железници кој е таму присутен и денес, заради контрола на состојбата. 

Поради пожарот железничкиот сообраќај на релација Велес – Битола вчера попладне и вечер беше во прекин неколку часа. 

АНКЕТА »

Дали ВАР системот на последното СП во фудбал влијаеше на резултатите од одредени натпревари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »